| четврток, 6 декември 2018 |

Познат пијанист ги пронашол двете ќерки мртви, а сопругата избодена со нож

Двете мали ќерки на познатиот концертен пијанист Вадим Холоденко се пронајдени мртви во куќата на неговата сопруга во Тексас.

Убиени се петгодишната Ника и едногодишната Михела, а поранешната сопруга на Холоденко, Софија Циганкова, е префрлена во болница на лекување поради убоди од нож.

Раните не се критични, рекол денеска шефот на полицијата во местото Бенбрук Дејвид Бебкок и потврдил дека девојчињата не биле избодени, а причината за нивната смрт сè уште не е позната.

На куќата немало знаци од насилно влегување, а Бебкок не навел кој ја повикал полицијата во куќата во Форт Ворт, во која Циганкова живеела со двете малечки ќерки. Исто така, шефот на полицијата изјавил дека Холоденко, кој е роден во Украина, соработува со детективите. Засега никој не е уапсен поради смртта на девојчињата, а моментално ниту Холоденко, ниту неговата сопруга не се осомничени.

Како што известуваат медиумите во Америка, токму Холоденко е тој кој ги пронашол телата на своите деца и поранешната сопруга во куќата кога отишол да ги посети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top