| четврток, 6 декември 2018 |

Албанската мафија шверцува бегалци преку Јадранот

мигрантиАлбанската мафија инвестирала милиони евра во брзи чамци за шверцување бегалци, тврди виенскиот весник „Кронен цајтунг“.

По успешното затворање на балканската маршрута, меѓународните банди за шверцување веќе пронашле нови патишта, а албанската мафија со брзи чамци тоа го прави преку Јадранско Море во Италија, пишува весникот, повикувајќи се на извори блиски на Владата.

„Кронен цајтунг“ додава дека поради тоа Австрија подготвува воведување на уште поостри мерки на гранична контрола за да го спречи шверцувањето емигранти преку алтернативни патишта преку Италија.

Министерот за одбрана Ханс Петер Доскоцил најави дека следните недели ќе биде завршена фазата на планирање и ќе почнат засилени контроли на граничните премини преку Италија.

Точниот даум на почетокот на зајакнатите контроли засега не е соопштен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top