| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов: Ни на крај памет не ми е да помилувам педофили, наркодилери и силеџии на избори

ивановБи сакал да им порачам на граѓаните на Република Македонија да бидат спокојни. Ни на крај памет не ми паднало и не ми паѓа да помилувам педофили, наркодилери, силеџии на избори, терористи и екстремисти, истакна претседателот Ѓорге Иванов, одговорајќи на новинарско прашање дали ќе ги искористи вратените ингеренции по одлуката на Уставниот суд за укинување на Законот за изменување и дополнувања на Законот за помилување.

– Како и досега, ќе го правам исклучиво она што е исправно и она што е во интерес на државата, рече Иванов по средбата со државниот секретар на ватикан Пјетро Паролин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top