Вчера во 17.30 часот во СВР-Куманово се јавило лице-мигрант и на англиски јазик пријавило дека во куќа во с. Ваксинце – Куманово било физички нападнато од непознато лице во пределот на главата, кое му барало пари. Истиот побегнал, а неговото семејство останало во куќата.
На местото на настанот биле упатени полициски службеници од СВР – Куманово и РЦ – Север, бил обавен разговор со пријавителот, но не било констатирано дека е нападнат.
Од страна на полициските службеници во напуштена куќа во селото биле пронајдени 77 мигранти од Пакистан, Сирија и Авганистан, кои ноќва во 00.30 часот се пренесени до Транзитен центар-Гевгелија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти