| четврток, 6 декември 2018 |

Катица нема да оди да го објаснува извештајот на денешната седница на Советот на обвинители

 

akt163-Katica-Janeva-3

Специјалната јавна обвинителка продолжува со срамни чекори. Катица Јанева повторно одлучи да ги понижи граѓаните и јавноста од чии џебови зема плата, непојавувајќи се да ретерира пред органот кој ја избира.

Јанева нема да оди да го објаснува извештајот на денешната седница во Советот на обвинители.

Членовите на Советот на обвинители, на денешната седница ќе мора сами да го разгледуваат извештајот за работата на Специјалното обвинителство, без присуство на Јанева, од која очекувале да им дава појаснувања за детеалите во извештајот и да одговара на нивните прашања за тоа, зошто ги посочила во извештајот дека ја кочеле работата на Специјалното обвинителство.

-Пред денешната седница на која Советот на обвинители ќе го разгледува извештајот, претседателот Петар Аневски рече дека ја поканиле обвинителката Јанева да присуствува и да им даде објаснувања за тврдењата дека и тие ја опструирале работата на Специјалното обвинителство, но и да ги соочеле со Марко Зврлевски, по прашањето за надлежноста врз предметите Маѓар Телеком, Верушевски, Заев, па потоа да донеле одлука кое обвинителство е надлежно, специјалното или „обичното„ пишува СВЕДОК.

Од Специјалното јавно обвинителство за порталот потврдија дека Катица Јанева денеска нема да оди на седницата на Советот на обвинители бидејќи во законот е наведено дека се доставува извештајот и нема законска обврска да се брани, ниту пак до сега имало пракса некој обвинител да го дообјаснувал или бранел извештајот за работа пред Советот на обвинители.

Медиумите објавуваат дека Јанева воопшто нема во план да одговара за извештајот пред никого.

Овој чекор на Јанева е доказ за нејзиното крајно нетранспарентно однесување. По нејзиното непојавување се наметнува прашањето „Од кого и зошто се крие Катица Јанева“?

За извештајот кој Јанева го напиша има навистина што да се праша, но таа бега од одговор на тие прашања. Памфлетот кој го предаде беше прогласен за катастрофален меѓу јавноста и отвори многу повеќе дилеми отколку што понуди било каков отчет за сработеното.

Еве на кои прашања Јанева не сака да одговори:

Каде исчезнаа 500.000 разговори кои Заев рече дека ги предал во СЈО?

Лидерот на СДСМ рече дека до СЈО предал над еден милион незаконски прибавени разговори, а во извештајот на Јанева се наведени само 540.646 аудио фајлови и околу 120.000 транскрипти од разговори и аудио фајлови за кои Јанева не кажува дали се практично транскрипти од фајловите на дискот. Јанева не даде одговор каде исчезнаа останатите 500.000 разговори кои недостасуваат за да се дојде до бројката за која Заев изјави дека ја предал.

Колку плаќа кирија за станот, зошто не спие во своите станови и дали е регистриран земјоделец?

Специјалното јавно обвинителство не одговара колку пари на месечно ниво државата издвојува за киријата на обвинителката Јанева. Иако анкетниот лист објавен на страната на Антикорупциската комисија открива дека Јанева на име на нејзините деца поседува два стана во главниот град, нема одговор зошто специјалната обвинителка не живее во нив и дали овој имот се издава за остварување на дополнителни приходи.

Во извештајот Јанева не спомнува ништо околу становите за кои медиумите многу пишуваа. Не кажува ништо ниту околу барањето за концесија на државно земјиште и дали дала лажна изјава.

Дали првиот човек на специјалното јавно обвинителство Катица Јанева, е и регистриран земјоделец – овоштар? Обвинителката Јанева, во септември лани откако беше назначена за прв човек на СЈО,аплицирала на јавен повик, по багателна цена да земе под закуп земјоделско земјиште во државна сопственост, кое било под узурпација.

Дали е точна констатацијата на Бирото за вештачења од терен според која дала лажна изјава за нивата? Чувствува ли одговорност за незаконското апсење на Едмонд Темелко?

Зошто ги избрка двете обвинителки?

Јанева никаде не одговара зошто ги избркала двете обвинителки. Таа само кажува дека ангажирала експерти, но ги крие од јавноста. Јанева самата констатира дека била преплавена од предмети, па зошто ги избрка обвинителките никој не може да разбере. А таа вешто избегнува да даде одговор.

За оние лица кои ги остави во својот тим, Јанева треба да објасни дали ќе одговараат пред ЈО за обвинувањата за малтретирање и злоупотреби. По чиј налог биле нудени 100.000 евра поткуп за лажен исказ?

Јанева во извештајот кажува многу невистини, кои треба да ги објасни пред медиумите. Таа вели дека одговарала на многу новинарски прашања, што е тотална лага.

Јанева се фали дека одговорила на голем број на новинарски прашања, но сите прашања кои КУРИР минативе месеци ги испрати до неа, останаа неодговорени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top