Европскиот потрошувачки центар тврди дека електронските производи намерно се изработуваат со слаб квалитет и со краток рок на траење за да се зголеми продажбата. Притоа во извештајот се наведува дека намерно не се произведуваат резервни делови. Францускиот „Ле монд“ пренесува дека се работи за функционални грешки кои ги има речиси во сите електрични апарати.
Машините за перење се програмирани да работат до 2 500 перења, а главните делови се изработуваат од пластика, а не од инокс. Телевизорите се програмирани да работат до 20 000 часа, а слично е и со мобилните и со паметните телефони.
Европскиот потрошувачки центар побара од Европската Унија посебен закон со што би се ставил крај на манипулациите со потрошувачите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нов закон во Франција: Казна три години затвор и 45.000 евра за секој политичар што ќе си вработи член на семејството
-
Потрошувачите ќе може да бараат обесштетување за прекини во снабдувањето со струја
-
Измени во Законот за минимална плата
-
Данев: Изборен закон не се носи без консултации со опозицијата


