| четврток, 6 декември 2018 |

Му се удрија од глава манипулациите на СДСМ за наводно огромен број фантомски гласачи, хистеријата на СДСМ доживува тежок дебакл

гласање

 

Дупло голо на СДСМ. По деталните проверки место манипулациите што ги ширеше СДСМ од неколку стотини илјади фантомски гласачи се покажа дека се спорни само триесетина илјади од кој најголемиот дел, односно повеќе од 90 проценти етнички Албанци. И оваа бројка од 30 илјади не се фантомски односно измислени гласачи туку реални луѓе што имаат право на глас, чиишто податоци во целост не се совпаѓаат со базите на податоци со кои располагаат институциите или имаат проблем со адресите. Дури и самите членови од ДИК, кои не се од ВМРО, им укажале на членовите од СДСМ и на претседателот на ДИК Чичаковски дека се потврдило дека списокот е чист и дека непотребно СДСМ ширел хистерија. Фантомски гласачи не постојат.

Инаку во текот на вчерашниот ден СДСМ и медиумите на Сорос излегуваа со измислени фрапантни бројки од наводно половина милион фантомски гласачи, па дури и тие не беа усогласени во манипулациите и лицитираа со разни бројки. Од спорни половина милион гласачи до 156 илјади фантоми. На крај реалната бројка се спушти на околу 30 илјади спорни од кои најголемиот број гласачи се етнички Албанци.

a1on

plusinfo

novatv

lib2

Со  ова доживува тежок дебакл стратегијата  на СДСМ на лажно прикажување на наводно фиктивни гласачи, која имаше две цели: прво на тој начин да ги одложи изборите и второ доколку има тоа да биде алиби за тескиот изборен пораз кој според расположението на граѓаните е повеќе од извесен. Со ова на површина излегуваат манипулациите и хистеријата што ја шират.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top