Меѓународната заедница мора да донира повеќе хуманитарна помош во храна за милиони луѓе погодени од сушата во Етиопија, изјави премиерот на таа држава.
– Ситуацијата во Етиопија не смее да се запостави без оглед на другите кризи ширум светот, изјави Хаилемаријам Десалегн.
Тој вели дека неговата држава е прибежиште за 750.000 бегалци од соседни држави и дека заслужуваат поголема помош.
Етиопскиот премиер предупредува дека хуманитарната помош што се дава на Етиопија не е доволна и често стигнува предоцна.
Според проценки на хуманитарни организации и Владата во Адис Абеба, повеќе од 10 милиони луѓе во Етиопија гладуваат, а за итна помош во храна потребни се 1,5 милијарди долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.