| четврток, 6 декември 2018 |

Велика Британија: Уапсени рекорден број деца поврзани со тероризам

Британската полиција минатата година уапсила рекорден број деца поврзани со терористички активности. Зголемен е и бројот на приведени жени.

701910_london-napad_ff

Вкупниот број на апсења поврзани со тероризам бележи пад, но во 2015 година приведени се рекордни 16 лица под 18 години. Во 2014 година нивниот број бил десет.

Поради тероризам уапсени се 45 жени што е пораст за 15 проценти во споредба со минатата година.

Во Велика Британија вкупно се уапсени 280 лица поради тероризам, што е пад за три проценти во споредба со лани, кога биле уапсени 289 луѓе. Според британското Министерство за внатрешни работи падот се должи на помалиот број приведени поради домашен тероризам само 15 наспроти 28 лица минатата година. Бројот на апсења за меѓународен тероризам бележи раст од три отсто.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top