Еве неколку совети за правилно слабеење кон кои треба да се придржувате ако сакате да постигнете успех во намалување на вишокот килограми.
Не се откажувајте од квалитетните масти
Тоа е најчестата грешка која ја прават луѓето кои држат диета. Ласните масла како ленено или маслиново масло имаат омега 3, 6 и 9 масти кои му се потребни на телото за здравата кожа, нервниот систем и добар имунитет.
Топ десет намирници кои треба ги има секоја диета
Во секој режим на исхрана неопходни се грејфрут, целер, краставица, тиквици, јаболки, цикорија, зелен чај, протеински леб, јагоди и вода!
Отпимално се слабее од 1,5 до 3 килограми месечно
За прва цел може да си поставите да загубите околу 10 отсто од почетната телесна тежина. Диета не е само воздржување од храна, важно е да се внесуваат намирници кои ни се потребни како овошје и зеленчук, но и да се направи посебен план на активности.
Нездравата храна тргнете ја од својот видокруг
Обично се што е на маса, се јаде. Затоа избегнувајте чоколадо, грицки и се она што не е во вашето мени.
Топ три суплементи за слабеење
ЦЛА, Л-карнитин и зелен чај се најдобри суплементи кои ни помагаат во борбата со килограмите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.