| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Околу 1.000 социјални станови за лица од ранливи категории

Продолжува проектот Изградба на социјални станови, најави денека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој рече дека досега се изградени  и предадени 680, 123 се во градба и дека наредниот месец и на почетокот на следната година ќе почне градба на нови социјални згради во различни места во Република Македонија.

– Кога станува збор за изградбата на социјални станови можам да кажам дека во изминатите години имавме голем прогрес во однос на нивната изградба и нивно доделување на граѓани од најранливите категории. Изградени се 680 социјални станови кои се предадени на граѓаните. Значи, 680 семејства во изминатите години добија станови, односно станови за лица од ранливи категории, 123 се во фаза на градба во неколку населени места, а во Гостивар во следните неколку месеци треба да почне градба и со таа бројка ќе се стигне до 800 станови – рече Груевски.

За почетокот на наредната година тој најави изградба на социјални станови во четири други градови во Македонија.

– Бројката со изградбата на социјални стнаови во тие четири градови ќе достигне приближно 1.000 изградени социјални станови за лица од ранливи категории, лица приматели на социјална помош, лица што на никаков поинаков начин не можат да дојдат до стан – рече Груевски кој денеска беше во посета на општина Ѓорче Петров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top