Епидемиолошката служба при ЈЗУ Гевгелија денеска изврши редовен увид во Приватниот транзитен центар Гевгелија и констатира дека нема заразни заболувања меѓу малкуте емигранти кои се сместени во кампот.
Службата констатира дека хигиената е на задоволително ниво и дека редовно се одржува, објектите во кои престојуваат емигрантите се затоплени, а е направена и дезинфекција на површина од 2.400 квадратни метри.
Во врска со одредени информации дека се појавила заразна жолтица во бегалскиот камп во Идомени, кој е оддалечен околу 700 метри од гевгелискиот, епидемиолошката служба предложи зголемување на хигиената во просториите и на личната хигиена, интензивно читење на сите простории и санитарни јазли,употреба на течен сапун и дезинфициенси за раце, а изработи и упатства по кои треба да се постапува.
Во ПТЦ Гевгелија моментно престојуваат 45 емигранти. Од нив, 12 емигранти останаа откако се затвори балканската маршрута, 10 се вратени од Табановце и групата од 23 Авганистанци, кои во понеделникот беа спасени од давење во Сува Река.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти