| четврток, 6 декември 2018 |

Како да станете еден од Анонимуси

Во светот Анонимуси почна да претставува многу силна група на поединци и глобално движење. Иако на сите ни се познати, всушност никој не знае ништо конкретно за нив. Во нивното официјално соопштение се објаснува кои се Анонимуси и како да се стане еден од нив.

– Што се Анонимуси? Анонимуси не се група, не се личности. Тоа е идеа. Конкретно се работи за идеја дека секој од нас заслужува слобода. Слобода на мислење, говор, изразување, знаење и верување. Слобода да се одреди текот и одредиштето на сопствените животи.

Доколку и ова е ваша идеа, тогаш сте Анонимус.

Најверојатно сте слушнале за Анонимуси, нешто е вистина, а нешто не. Ние не сме хакери. Не сме терористи. Не сме насилни. Ние сме граѓани на светот кои сведочат на тиранија, репресија и цензури. Ние сме активисти кои бараат да се промени системот и кругот на корупцијата. Ние се трудиме да направиме транспарентност во владите и сите институции на јавниот сервис. Се спротиставуваме на оние кои сакаат да ги кршат нашите права кои ги имаме како човечки битија.

Како колектив на анонимни индивидуалци, ние немаме лидер кој диктира методи на отпор. Некои од нас се хакери кои ги користат своите способности за критичните информации да бидат достапни до јавноста. Некои од нас организираат протести и митинзи. Некои од нас волонтираат за да ги нахранат оние кои тоа не можат да го прават сами. Ние сме комшии, ваши пријатели и роднини.

Ние ви подготвуваме храна, поправаме апарати, пишуваме книги, компонираме музика и ја креираме своја технологија. Ние сме ваши работрници во пошта, фризери, продавачи и адвокати. Ние сме социјалисти, капиталисти, атеисти и религиозни сме, ние сме се и ние сме никој. Никој од нас не е толку моќен како што сме сите ние заедно. Соединети како Еден, поделено со нула. Ние сме Анонимуси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top