| четврток, 6 декември 2018 |

Пијан струмичанец со секира по неговите брат и татко

СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.С. (39) од с.Свидовица, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело телесна повреда.

Пријавениот на 14 март во 21.30 часот со семејниот дом во с.Свидовица, под дејство на алкохол (0,83промили), без повод и причина започнал вербална расправија со неговиот брат З.С. (26) и неговиот татко Б.С.

Во еден момент пријавениот со секира почнал да ја крши покуќнината, а со сечивото замавнал и го удрил брата си во пределот на главата, нанесувајќи му расекотина во пределот на челото и носот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top