Му дојде ли крајот на популарниот Декстер, серискиот убиец, истерувач на правдата, затскриен зад маската на полициски аналитичар?
„Шоутајм“ најави дека телевизиската серија со актерот Мајкл K. Хол го толкува главниот лик летово ќе заврши со емитување. Компанијата оценува дека уште кога првпат се појави во 2006 година, „Декстер“ го редефинира својот жанр, издигајќи го антихеројот на едно ново ниво.
-Kултурното влијание на оваа серија допрва ќе се осети – вели претседателот на „Шоутајм“, Метју K. Бланк.
Ликот на Декстер му донесе на Хол награда од Здружението на телевизиски и филмски актери и „Златен глобус“. Шоуто има над 13 милиони фанови на „Фејсбук“, а последната епизода од претходната сезона ја проследиле околу 7 милиони Американци. Завршната, осма сезона од серијата, која се емитува и во Европа и Азија, ќе почне на 30 јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Проколната телевизиска серија: Во три месеци починаа два актери
-
Лошата Фикрие од „Нашата Дениз“ во приватноста е многу згодна!
-
Што стои зад препевот на познатата „Налеј Налеј“ за серијалот „Македонија“ и каква е поврзаноста на гемиџиите? (видео)
-
Снимена првата сезона од серијата „Македонија“ објавен е и трејлер


