| четврток, 6 декември 2018 |

Селекторот Ангеловски го објави списокот, Пандев, Богатинов, Јаховиќ се повратници во составот

ffm-pres

Селекторот на сениорската репрезентација на Македонија Игор Ангеловски, ги соопшти имињата на 18 фудбалери на кои ќе смета за двата пријателски дуели против Словенија и Бугарија кои се играат на 23 и 29.март во Копер и Скопје.
Горан Пандев, по две години пауза, повторно се враќа во националниот тим прифаќајќи го повикот на Ангеловски да се стави во функција во иднина на црвено-жолтиот дрес. Ангеловски за престојните тестови се одлучи да ги врати и голманот Мартин Богатинов, офанзивецот Адис Јаховиќ како и фудбалерот од средниот ред на Шкендија, Арменд Алими. Покрај, Алими, од домашното првенство има уште тројца фудбалери, дефанзивците на Работнички, Силјановски и Цикарски и фудбалерот од средниот ред на Вардар, Никола Глигоров.

На списокот го нема повредените, голманот на Норчепинг, Давид Митов-Нилсон, како и дефанзивецот Даниел Мојсов. А, не е повикан и левокрилниот дефанзивец Дејан Трајковски од Домжале, кој претходно истакна дека за него приоритет е настапот за словенечката селекција, иако не се најде и на тој список на Сречко Катанец.

Собирот на репрезентативците за пријателскиот натпревар против Словенија, кој на 23. март го играме во Копер, е во понеделник (21. март) во Порторож.

spisok na reprezentativci

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top