| четврток, 6 декември 2018 |

Загадена водата за пиење во Чешиново-Облешево

Зголемениот водостој и излевањето на реките минатата недела, предизвикаа загадување на водоснабдителните  системи и извори  во повеќе населени места во општина Чешиново Облешево. Населението од селата Чифлик, Облешево, Чешиново, Уларци и Кучичино веќе се соочува со загадена вода за пиење од сопствените водоводи за што се препорачува употреба на флаширана вода.
– Општинската организација на Црвен Крст-Кочани во соработка со општина Чешиново Облешево во текот на вчерашниот и денешниот ден дистрибуира флаширана вода за пиење до населението во овие населени места. Флаширана вода денеска беше дистрибуирана и во Детските градинки во Облешево и Чешиново, изјави Анета Коцева, секретар на ОО на Црвен крст на Кочани.
Вкупно се донирани над 2000 флаши минерална вода од по 6 литри и 0,5 литри донација од ДООЕЛ „Центрофрута“ Виница, како и од резервите на општинската организација на Црвен Крст Кочани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top