| четврток, 6 декември 2018 |

Јастребите на слободата на Курдистан ја презедоа одговорноста за нападот во Анкара

Екстремистичката група, активна во Турција, Јастребите на слободата на Курдистан (ТАК), ја презеде денеска одговорноста за самоубиствениот бомбашки напад во Анкара, во кој загинаа 37 лица.

ankara

Оваа група во соопштението, објавено на нејзиниот сајт истакна дека нападот во неделата е извршен како одмазда поради операциите во мнозинско курдскиот југоисточен дел на земјата, кои траат од јули и во кои загинаа стотици цивили, припадници на безбедносните сили и екстремисти.

Групата претходно ја презеде одговорноста и за минатомесечниот напад во Анкара, во кој загинаа 29 лица.

Таа група тврди дека се отцепила од Курдската работничка партија. Експертите кои ги следат курдските екстремисти, меѓутоа наведуваат дека тие останале во блиска врска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top