| четврток, 6 декември 2018 |

Авиоштрајк во Израел и во Германија

LUFTHANSA-STRIKEИзраелските авиокомпании поддржани од синдикатот денеска почнуваат штрајк без најавен крај, односно до надминување на прашањето околу спогодбата „Отворено небо со ЕУ“. Документот предвидува етапно повлекување на ограничувањата за заемни летови, што, според националните компании, ќе ги стави во неповолни услови во однос на европските конкуренти.

Во меѓувреме, германската воздухопловна компанија „Луфтханза“ утре ќе ги откаже речиси сите летови на кратките и средните релации поради штрајкот на персоналот на земјата и на екипажите на авионите. Погодени се аеродромите во Франкфурт, Хамбург, Минхен, Штутгарт, Хановер, Диселдорф и Келн. Вкупно, од 1.650 лета на кратките релации се предвидува дека ќе има дваесетина. Од „Луфтханза“ предупредуваат дека и некои интерконтинентални летови ќе бидат погодени од штрајкот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top