| четврток, 6 декември 2018 |

Дебелина: Не е до вас, до вирусот е

Според едно истражување, кај половина од светската популација е откриен вирус што е причинител на дебелината. Вирусот цели на една од најчестите желудочни бактерии што се поврзува со дебелината, дијабетесот и со други желудочни болести.

Професорот по биоинформатика Роберт А. Едвардс и неговите соработници ги користеле резултатите од претходните истражувања за желудочни вируси за да истражат нови евентуални вируси. Прегледале примерероци од фекалии од 12 поединци и во секој примерок пронашле иста вирусна ДНК, која не одговарала со ниту еден познат вирус.

За да докажат дека вирусната ДНК пронајдена во базата на податоци постои и во природата, вирологот Џон Мокили користел техника за размножување на ДНК. Техниката потврдила постоење на нов вирус во половината од примероците. Евардс вели дека не е необично да се пронајде нов вирус, туку да се пронајде во толку многу примероци.

Големата распространетост укажува и на староста на вирусот. Според Еввардс, вирусот би можел да биде стар колку и луѓето, а го пронашле во секоја популација во која го побарале.

Уште не е познато како се пренесува овој вирус. Не е пронајден во примероци од столицата на новороденчиња, што значи дека веројатно не се пренесува од мајка на дете.

Изолацијата засега е безуспешна, а научниците се надеваат дека ќе дознаат повеќе за дебелината, желудочните болести и дијабетесот. Во иднина се надеваат и на лек базиран на овој вирус, и тоа за секого поединечно, односно изолираниот вирус би се користел за лекување на лицето од кого е изолиран.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top