| четврток, 6 декември 2018 |

Сообраќајот на обиколницата Битола-Ресен во прекин

svleciste

На патниот правец А3 обиколница Битола-Ресен на 70+300 км, поради свлечиште, патот е сè уште во прекин во двата правци. Како алтернатива, сообраќајот е пренасочен преку градот Битола, информираат утрово од Автомото сојузот на Македонија.

Општинскиот пат с. Долни Полог – с.Облешево, пред Кочанска Река, е во прекин поради прекопан коловоз, каде што е направен канал за одводнување на надојдена атмосферска вода од врнежи.

На патниот правец Марвинци – Балинци – Брајковци, под надвозникот кај клучка Марвинци поради излевање на каналите има вода на коловозот. Од АМСМ препорачуваат користење на алтернативен патен правец Удово – Валандово – Гевгелија и обратно.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Магла со видливост до 50 метри има на Стража.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top