| четврток, 6 декември 2018 |

Лагард: Развиените да поттикнат глобален економскиот раст

lagardРазвиените земји да го поттикнат економскиот раст и да преземат решителни мерки за надминување на глобалната криза што трае веќе пет години, повика Кристин Лагард на пролетната седница на ММФ и Светската банка во Вашингтон. Извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд, Лагард, нагласи дека Европа, Јапонија и САД заостануваат во спроведувањето на неопходните мерки за повторно воспоставување на цврст и одржлив глобален економски раст. Светската економија се соочува со значителни проблеми, проследени со ризикот од продолжен период на слаб економски раст, истакнува Лагард во извештајот од дводневната седница што заврши синоќа.

– Американските јавни финансии остануваат во неодржлива состојба и потребен е сеопфатен план за остварување поголеми приходи. Во Јапонија, една од земјоте со најголем јавен долг во светот, спроведувањето на краткорочни стимулирачки пакети го зголемува ризикот на државните финансии, поради што официјален Токио мора да разработи план за фискална консолидација и стратегија за раст, предупреди извршниот директор на ММФ.

Извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд, сепак нагласи дека едно од поголемите достигнувања е успешно избегнатата економска катастрофа, како распад на еврозоната. Сепак забележува јасно изразена потреба за балансирано поттикнување на економскиот раст преку најавените реформи. Строгите мерки за штедење наметнати врз периферните земји членки на еврозоната како Грција, Италија и Португалија резултираат со исцрпеност од прилагодување и раст на тензиите околу праведноста на тие мерки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top