| четврток, 6 декември 2018 |

Минувач ќе настрадал од фрлено ѓубре низ прозорец во Порта Влае

Во населбата Порта Влае, кога станар на зградите од својот балкон фрлил ќеса полна со ѓубре, пишува „Нова Македонија“.

За среќа, ќесата паднала врз автомобил и за половина метар не го погодила минувачот што се нашол во близината на автомобилот.

– Случајно поминував покрај возилото, кога одеднаш нешто силно удри. Освен што се преплашив, останав во шок кога видов дека некој од жителите на становите, без грам совест, си го фрли ѓубрето врз возилата. Ова е дното на нашата култура и сѐ додека се однесуваме вака, никогаш нема да имаме чист град и нормални културни меѓусоседски односи – ни изјави минувачот што фотографиите ги постави на социјалните мрежи.

фото: Нова Македонија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top