| четврток, 6 декември 2018 |

Четири конзорциуми во трка за изградба на гасоводот Скопје – Гостивар

Тринаесет компании во четири конзорциуми   во трка за изграба на гасоводот Скопје- Гостивар , во должина од 76 километри.

Во конкуренција се и домашни и странски фирми.  Како што информираа од МЕР , најкасно за два месеци ќе се знае кој конзорциум  ќе  биде избран  да го гради гасоводот.

Целиот проект е проценет на 30, 8 милиони  евра. Но конечната цена ќе зависи од еволуацијата на понудите.

Парите се обезбедени  од Дојче Банк и Ерсте Групацијата. Ако се оди според планот гасификацијата на Полошкиот регион треба  да заврши за три години.

Паралелно се работи и на другите гасоводи.

За изградба на гасоводната мрежа во Скопје, две компании имаат доставено понуда. До летото ќе се знае која од нив ќе ја гасифицира метрополата.

Интерес има  и за   Штип- Неготино. Седум фирми доставиле понуда  за изградба на  гасоводниот крак  во  должина од 36 километри.

За трасата од Неготино до Битола пак најкасно до април треба да биде објавен тендер.

Целосно е завршен  магистралниот гасовод Клечовце- Штип , низ овие цевки гасот треба да протече во јуни.

Поцесот на гасификација на земјава  ќе помогне за намалување на трошоците  на домаќинствата и компаниите, и на загадувањето, а во изградбата ќе бидат ангажирани и повеќе работници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top