СВР Струмица поднесе кривична пријава против С.И. (24) и седумнаесетгодишник, двајцата од с.Градашорци, општина Василево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело измама.
Првопријавениот со помош од второпријавениот успеал, со лажно преставување, да одземе миксета, сопственост на музичарот Б.С., од угостителски објект сопственост на К.Р.
Тој од телефонот на малолетникот се јавил кај сопственикот на објектот и лажно се претставил дека е Б.С. и го известил дека ќе прати дете да ја земе миксетата. Со тоа оштетениот бил доведен во заблуда дека миксетата ја бара сопственикот, музичарот Б.С. После тоа пријавениот ја продал миксетата на друг музичар во Штип, кој не бил запознаен дека потекнува од кривично дело.
Двајцата пријавени во разговор со полициски службеници го признале делото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Грк украл врв од столб од Акропол
-
Милионска кражба во Македонија: Обиен сеф на приватна фирма
-
Фатил жена во кражба: Кога ги видел нејзините деца наместо да ја уапси направил нешто неверојатно(видео)
-
Крадците го опустошија градот повеќе од ураганот: Група луѓе влегуваат по маркети и носат што ќе најдат(видео)