Синоќа се одигра последниот натпревар од 20. коло во Првата македонска кошаркарска лига. Шампионот МЗТ Скопје Аеродром на домашен терен оствари победа против Куманово со 79-71.
Најефикасен во редовите на победникот беше Ѓорѓе Дреновац со 20 поени, додека кај гостите од Куманово најмногу поени постигна Бојан Трајковски (22).
Резултати од 20. коло:
Фени Индустри – Карпош Соколи 88-76
Бест – Кожув 65-76
Работнички – Струмица 85-61
МЗТ Скопје Аеродром – Куманово 79-71
Табела:
МЗТ Скопје А. 38 бодови
Карпош Соколи 35
Куманово 33
Фени Индустри 32
Кожув 30
Работнички 28
Струмица 24
Бест 20
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.