| четврток, 6 декември 2018 |

Majка Тереза ќе биде прогласена за светица на 4 септември

Папата Франциско денеска го потпиша декретот за канонизација на носителката на Нобеловата награда за мир и светски познатата мисонерка Мајка Тереза од Калкута, која на 4 септември ќе биде прогласена за светица, јавија француските медиуми.

Мајка Тереза во 2003 година беше прогласена за блажена. Таа веќе е ставена во канонскиот календар на 5 септември, датумот кога почина.

Местото на канонизацијата се уште не се прецизира. Индиската католичка црква инсистира папата канонизацијата да ја изведе во Калкута, но повеќе извори од Ватикан уверуваат дека таквото патување не е во неговиот дневен ред и дека канонизацијата ќе се одржи во Рим.

Канонизацијата е официјално признавање од страна на Црквата дека посочениот човек е во рајот. За да се дојде до таа цел човекот треба да е извор на две чуда пред својата смрт – едно за прогласување за блажен и едно за канонизација. Чудата се сметаат за знаци на неговата блискост со Бога.

Кај Мајка Тереза Римокатоличката црква призна чудо во 2002 година, што доведе до нејзиноо прогласување за блажена, а во декември минатата година Црквата и го призна чудотворниот карактер, што и се припиша на оваа монахиња од албанско потекло, родена во Скопје, за исцелувањето во 2008 година на еден 35-годишен бразилски инженер од мноштво тумори во мозокот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top