Нобеловецот вонбрачната ќерка ја добил со Милева Мариќ. Ѝ го дале името Лизерл, но никој не знае што се случило со неа.
Веројатно најпознатиот научник на сите времиња, Алберт Ајнштајн се родил на вчерашниот ден пред 137 години во областа Виртемберг, која била дел од Германското Царство. Со распаѓањето на царството тој останал без земја, па станал Швајцарец, по тоа Австриец, повторно Германец, а последните петнаесет години од животот ги проживеа како Американец.
Уживал во едрење но никогаш не научил да плива. Ајнштајн бил уметничка душа, а тврдел дека веројатно би бил музичар да не бил физичар… Свирел виолина, а музиката ја сакал бидејќи ја поттикнувала неговата имагинација. Не бил еден од тие што имаат многу доверба во образованието ниту школството. Познати се неговите тврдења дека мечтата е многу поважна од образованието, затоа што тоа е ограничено, додека мечтата го движи светот.
Тие што го обожуваат неговиот лик и дело често се занимаваат со анализи, не само на делата, туку и зборовите и начинот на животот. Така дознале, меѓу другото, дека ретко носел чорапи, но и дека како домашен миленик имал депресивен папагал на кој му раскажувал вицови за да го расположи.
Една од ретките темни дамки во неговиот живот е откажувањето од вонбрачната ќерка, која ја добил со Милева Мариќ. Ѝ го дале името Лизерл, но никој не знае што се случило со неа. Една од најприсутни теории околу неговата ќерка е дека заедно со Милева решиле да ја дадат на посвојување.
Алберт Ајнштајн стана икона на науката, особено физиката, а гримасата на симпатичен бушав дедо што се плази многумина и денес ја копираат. По неговата смрт во 1955 година патолог го земал неговиот мозок и го чувал дури 40 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се заљубила во очувот додека тој се женел за мајка ѝ, крајот е како од шпанска серија (фотo)
-
Пораснаа децата на поранешниот претседател, Борис Трајковски!
-
Живот од бајките со трагичен крај: Ова е убавата ќерка на сопственикот на Лестер која загина со татко и
-
И науката докажа: Жените не знаат да чуваат тајна