Словенија потврди дека се подготвува привремената ограда од бодликава жица на границата со Хрватска да ја замени со посилна и поиздржлива „Продолживме со замена на повремената ограда онака како што планиравме“ пренесе АФП портпаролката на словенечкото МВР Весна Митриќ.
НОвата града ќе се поставува околу одморалиштата, градовите и транзитните места долж границата.
Во декември земјата подигна 166 кулометри привремена ограда за да го спречи неконтролираниот прилив на мигранти од Нрватска. До октомври лани околу половина милион бегалци ја минаа границата, упатувајќи се кон Австрија и Германија.
КОга Словенија ја затвори границата за мигрантите, премиерот Миро Церар изјави дека ограда „ веќе нема да е потребна“ кога Грција и другите балкански земји почнаа со примена на шенгенските правила и кога се запре мигрантскиот прилив, потсетува АФП.
-До сега заменивме 10 километри од оградата- додава Митриќ, нагласувајќи дека новата е поставена околу Ново Место и Марибор во транзитните зони, селата и туристичките места.
Според АФП новата ограда ги разлутила локалните жители бидејќи „лошо влијаело на туризмот“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти