| четврток, 6 декември 2018 |

Арманд Асанте: Николиќ со својот талент можеше да го засрами половина Холивуд

Американскиот актер Арманд Асанте ѝ оддаде почит на српската легенда Драган Николиќ и му изрази сочуство на неговото семејство, пренесуваат српските медиуми.

Асанте изјавил дека Николиќ е легенда на Југославија и дека со својот талент и шарм би можел да го засрами половина Холивуд, само ако посакал.

Асанте и Николиќ се запознаа на снимањето на „Монтевидео: Се гледаме“, каде што американскиот актер глумеше спортски агент и ловец на таленти. Николиќ, пак, го играше претседателот на ФИФА, Жил Риме.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top