| четврток, 6 декември 2018 |

Советот за безбедност го поздрави руското повлекување од Сирија

Советот за безбедност на Обединетите нации ја поздрави одлуката на Русија да почне со повлекување на силите од Сирија како позитивен чекор, додека иранскиот министер за надворешни работи Мухамед Џавад Зариф ја оцени одлуката на Москва како позитивен знак кога станува збор за одржување на примирјето во земјата.

СБ на ОН расправаше вчера за ненадејната најава на Русија на состанокот зад затворени врати, на кој пратеникот на ОН за Сирија Стефан де Мистура им поднесе на членовите на тоа тело извештај за новата рудна мировни преговори, кои почнаа во Женева.

– Одлуката, која рускиот претседател денеска ја објави е позитивен чекор, рече амбасадорот на Ангола, Исмаел Гаспар Мартинс, чија земја овој месец претседава со СБ.

Мартинс додаде дека амбасадорите во СБ сфаќаат дека руските сили од Сирија ќе се повлекуваат „бавно, но безбедно“ и дека интензитетот на воздушните напади за тоа време ќе биде намален.

Рускиот амбасадор на ОН Виталиј Чуркин изјави по состанокот дека сите елементи на сирискиот мировен процес конечно се на место, вклучувајќи го и прекинот на непријателството, доставувањето хуманитарна помош и преговорите.

Тој додаде дека некои членки на СБ сфатиле дека руската одлука за повлекување ја покажува длабоката посветеност на Москва на политичкиот процес со цел ставање крај на војната во Сирија.

putin sojgu

Чуркин во пресрет на состанокот изјави дека одлуката на Русија ќе им помогне на напорите на Москва за постигнување политичко решение за кризата, нагласувајќи дека руските сили биле мошне ефикасни во Сирија.

Тој додаде дека руското воено присуство во Сирија ќе продолжи и дека пред се ќе биде насочено кон одржување на примирјето.

Иранскиот министер за надворешни работи Зариф изјави дека одлуката на Русија за почеток на повлекувањето од Сирија треба да се гледа како позитивен знак за примирје.

Тој, говорејќи во Канбера по состанокот со австралиската министерка за надворешни работи Џули Бишоп, го нагласи ставот на Иран за потреба за примирје и политичко решение во Сирија.

– Фактот дека полупримирјето се одржува во Сирија е добра верст, нешто кон што тежнееме најмалку две и пол до три години, додаде тој.

Рускиот претседател Владимир Путин соопшти вчера дека Русија ќе почне со повлекување на поголемиот дел од своите сили од Сирија, почнувајќи од денеска, нагласувајќи дека руските сили го постигнале поголемиот дел од своите воени цели и изразувајќи надеж дека мировните преговори ќе донесат решение за петгодишната војна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top