| четврток, 6 декември 2018 |

САД со пакет од 123 милиони долари на сириските бунтовници

dzon keri џон кериПакетот од 123 милиони долари воена помош од САД за опозицијата во Сирија. Ова било посочено на на средбата наречена „Пријатели на Сирија“ меѓу сириските опозициски сили и нивните главни меѓународни сојузници во Истанбул. На средбата државниот секретар на САД, Џон Кери, најавил дека САД ќе ја удвојат неоружената воена помош на опозицијата во Сирија. Тој нагласил дека новата воена опрема ќе ги надмине досегашните пакети храна и лекови.

-Сакаме да ја видиме коалицијата како го предводи патот и е во можност да обезбеди помош, да дава услуги и да одговори на потребите на сирискиот народ. Сириската опозиција и странските поддржувачи се согласни сета идна помош за бунтовниците да биде канализирана преку врховната воена команда на опозицијата – нагласил Кери.

Сириската Национална коалиција соопштила дека цврсто ги отфрла „сите форми на тероризам“ и ветила дека какво било оружје и да прими, тоа нема да „падне во погрешни раце“.

САД од февруари ѝ испраќаат храна и медицинска опрема на Слободната сириска армија, која досега чини околу 117 милион долари, според Белата куќа. Претседателот Обама изјавил дека не планира да им испраќа оружје на бунтовниците, и покрај притисокот од Конгресот и од некои негови советници.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top