Во Русија ќе се градат мостови од нови материјали, кои се невидливи за најсовремените радари.
– Мостовите ќе ги гради руското Министерство за одбрана заедно со индустриски комплекс. Компаниите ќе извршуваат научно-истражувачки работи без материјална поддршка од државата. Во изградбата на мостовите ќе бидат вклучени експерти од Воената академија за материјално-техничко одржување, изјави рускиот заменик министер за одбрана, генерал Дмитриј Булгаков.
Конструкциите на мостовите ќе бидат составени од композитни и други нови материјали, што ќе придонесе за намалување на нивната маса, зголемување на носивоста и должината. Новите материјали ќе овозможат и полесно склопување на мостовите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.