| четврток, 6 декември 2018 |

Околу илјада бегалци кај Идомени се обиделе да преминат во Македонија

Околу илјада емигранти и бегалци што се наоѓаaт во близина на Идомени, денеска се обиделе да преминат од грчка на македонска територија преку алтернативен пат, јавија западни медиуми.

begalci

Групата тргнала напладне кон грчко село кое се наоѓа западно од Идомени. Околу 15 часот по локално време (14 средноевропско време) тие биле близу границата кога ги пресретнале и привеле грчки полицајци.

При приведувањето немало инциденти.

Според податоци на властите, на територија на Грција веќе има 44.532 бегалци. Поголем дел од нив – 23.042, се во северна Грција.

На островите се регистрирани 9.264 бегалци. На пунктот Идомени има 12.000. Крај Кукуш 3.540, во Поликастро 3.370 и во Диавата има 2.003 бегалци и емигранти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top