На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје отворена е нова лабораторија за биохемиска пренатална дијагностика што ќе помогне за рано откривање одредени аномалии кај плодот, како и за правење на сите потребни анализи во текот на целата бременост.
Инвестирани се околу девет милиони денари, односно околу 150 илјади евра. Тоа е четврта таква инвестиција од вкупно 52 милиони денари во лаборатории набавени преку Министерството за здравство за оваа клиника.
Лабораторијата денеска ја посетија лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, заедно со замениците министри за образование и наука Спиро Ристовски и за здравство Јовица Андовски.
Груевски оцени дека лабораторијата е исклучително важна за Гинеколошката клиника затоа што има можности за откривање Даунов сидром кај плодот во многу рана фаза во прв, втор или трет месец на бременост.
– Задоволство е што за првпат во Македонија се набави една ваква лабораторија, која, очигледно, недостигаше, која веќе е во полна функција и во иднина ќе реши многу проблеми. Таа претставува една новина, но и една дополнителна вредност на оваа клиника и воопшто на македонското здравство – рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст