| четврток, 6 декември 2018 |

Преемотивно: како Милена Дравиќ се прости од Драган Николиќ

Смртта на еден од најголемите српски актери  Драган Николиќ растажи многумина ширум регионот. Секој кој барем еднаш го запознал Гага Николиќ можеше да знае за каков исклучителен човек и уметник се работи.

milena-dravic-foto-fonet-1444173157-756613

Многумина од нив оставаа трогателни пораки, зборуваа за заедничките моменти. Но најголемата тага во срцето ја носи неговата сопруга Милена Дравиќ со која беше 45 години во брак.

Со овие зборови се прости од Драган Николиќ:„Замина мојот драги, замина мојот сакан, мојот прекрасен сопруг, мојот Драган, мој Гага. Негова Милена“, напишала во некрологот познатата актерка.

dragan-nikolic-foto-prinstcreen-1457881186-862975

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top