| четврток, 6 декември 2018 |

Возило на Црвен крст излета од патот

Вчера во 11.40 часот на магистралниот пат Радовиш-Штип се случила сообраќајна незгода во која В.Ц. (23) од Куманово, управувајќи возило „ситроен берлинго“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на ОО на Црвен крст Куманово од Куманово, загубил контрола и излетал од патот.

Во незгодата со тешка телесна повреда се здобила сопатничката Б.Г. (18) од Куманово, која е пренесена и задржана на лекување  во болницата во Штип.

Увид на местото на настанот  извршила екипа на СВР-Штип.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top