| четврток, 6 декември 2018 |

Ништо од Алаба, Барса се врти кон Маркињос

markinjos

Фокусот на каталонскиот гигант Барселона во летниот преоден рок ќе биде на засилување на последната линија во одбраната на тимот.
Во нападот беспрекорно функицонира триото Меси-Нејмар-Суарез па дури и кога некој од овие тројца недостасува на негово место одлично се снаоѓа младиот Мунир.

Давид Алаба беше голема желба на каталонскиот гигант, раководството на Барселона изрази подготвеност да плати и над 50 милиони евра за Австриецот, но овој план на европскиот првак нема да вроди со плод. Имено, Алаба во неколку наврати изјавуваше дека сака да остане во Баерн, а сега ќе го докаже тоа потпишувајќи нов договор, кој ќе биде со важност до 2011 година. Како што јавува весникот „Билд“, договорот ќе биде потпишан до крајот на месецов, а Алаба според него ќе заработува огромни 12 милиони евра по сезона.

Тренерот Луис Енрике сега погледот ќе го насочи кон Маркињос, одличниот дефанзивец кој во ПСЖ не може да се избори за место во стартниот тим крај сонародниците Тијаго Силва и Давид Луиз. Во последно време тој игра како десен бек во периодот во кој Орие е суспендиран, но Маркињос не крие дека би сакал да замине во клуб каде би имал позначајна минутажа. Барса е подготвена да му понуди плата над пет милиони евра по сезона, плус бонуси, но потешкиот дел е да се убеди ПСЖ на продажба, за што каталонскиот гигант би платил 40 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top