Доколку сте корисник на социјалните мрежи или пак некогаш сте се обиделе да најдете сродна душа преку интернетот, сигурно сте забележале дека мажите објавуваат најразлични фотографии – покрај автомобил, на мотор, со кафе, телефон…
Меѓутоа, нова студија открила дека помеѓу сите мажи на жените им се најпривлечни оние кои во рацете држат риба!
Истражувањето опфатило фотографии на мажи од 18 до 35 години на Флорида, а дури 22 отсто од нив на профилната фотографија држеле токму уловена риба. Потоа 1000 жени добиле задача да ги одбере најпривлечните.
Верувале или не, неверојатни 64 отсто од жените ги прогласиле мажите со риба во рацете како најсексапилни! Односно риболовците!
Сепак, треба да се има предвид дека истражувањето е правено на Флорида, каде риболовот е најзастапениот спорт. Дамите кои живеат на пример во брзиот и див Њујорк можеби сепак би преферирале поинакви мажи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.