Летањето со авион се смета за еден од најсигурните методи за патување. Но несреќите, сепак, се случуваат, а местото на кое седите и тоа како може да ја зголеми шансата истата да ја преживеете без поголеми последици.
Магазинот „Тајм“ направил детална анализа на 17 авионски несреќи во последните триесет години за да открие кои места во авионот се најсигурни. Изненадувачки, како најсигурни места во авионот се покажал средниот ред во „опашката“ на железната птица.
– Средната на авионот низ историјата се покажала како најфаталниот дел за патниците. Смртноста во предниот дел од авионот изнесува 44 отсто во однос на задниот дел од авионот каде што таа изнесува 28 отсто – истакнуваат во споменатиот магазин.
Покрај тоа за сигурни се сметаат и двата реда што се најблиску до излезите во случај на опасност, со оглед на тоа дека патниците на овие места имаат можност најбрзо да излезат од леталото.
Секако, секогаш треба да се почитува протоколот за сигурност во авионот и да се врзе со безбедносен појас каде и да седи.
Во магазинот истакнаа дека споменатите места не ги спречуваат повредите и смртноста. Туку се показатели на „најсреќните“ во последните триесет години на авионски несреќи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст