| четврток, 6 декември 2018 |

Вооружен напад на Брегот на Слоновата Коска, загинати мажи, жени и деца

Најмалку пет лица се убиени во вооружен напад близу крајбрежен хотел во градот Гранд-Басам во Брегот на Слоновата Коска, соопшти египетскиот весник „Дејли стар”, пренесува ТАСС.

Според изданието, кое се повикува на очевидец, група од околу десетина луѓе, кои скандирале екстремистички пароли, отворила оган од автоматско оружје. Трагедијата се случила близу хотелот „Етоал ду сјуд”

Локалната власт соопшти дека во инцидентот жртви се пет мажи, пет жени и едно дете, но без да прецизира дали се тие мртви или ранети.

Локалните власти уште известуваат дека убиени се петмина напаѓачи, а по други пет се трага.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top