| четврток, 6 декември 2018 |

Менаџерката на Шумахер: Михаил ми кажа дека сака да исчезне од јавниот живот

sumaher
Сабина Кем открива што возачот на Формула 1 и порачал пред тешката несреќа на скијање во декември 2013 година.

Сабина е менаџерката на семејството на седумкратниот шампион во Ф1 и во јавноста се појавува секогаш кога ќе се објави некој неточна информација за состојбата и лекувањето на Шумахер.

Тоа кобно утро голем број претставници на медиумите се упатија кон болницата каде беше хоспитализиран Михаил.

-Паркингот на болницата беше преполн. Новинарите ги прашуваа луѓето кои беа во посета на други болни дали знаат нешто. Имаше пријатели и роднини на болни лица кои се обидуваа да извлечат пари од новинарите. Одеа наоколу и нудеа информации. Наговараа доктори да го сликаат Шумахер. Јасно ми е дека луѓето се заинтересирани и дека за тоа треба да се известува. Но, верувам дека новинарите мора да се прашаат што и како да известуваат, вели менаџерката.

Таа открива и зошто има дополнителен мотив да не се дознае ништо за лекувањето на седумкратниот шампион.

-Пред несреќата Михаил потајно се надеваше дека еден ден ќе престане да биде во центарот на вниманието. Еднаш со него имав долг разговор и ми рече „Не мораш да ме бараш во наредната година. Јас исчезнувам.“ Баш затоа сакам да ја заштитам неговата желба и да не дозволам нешто да излезе во јавноста, вели Кем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top