Две лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случи вчера во 17 часот и 30 минути на регионалниот пат Куманово-Скопје, кај село Никуштак. Во несреќата директно се судриле автомобил, „рено“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 50-годишниот С.Ј. од Кратово и „ауди А4“ со скопски регистарски ознаки, кој го управувал 36-годишниот С.С.
Возачот на „аудито“ се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Кумановската болница и е задржан на лекување. Неговиот сопатник, веднаш по несреќата пренесен е во Ургентниот центар во Скопје, пренесе МИА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.