Американецот е уапсен порадисомнение дека сакал да изврши терористички напади во Сирија. Абдел Ахмад Туниси бил уапсен во Чикаго. Од ФБИ го следеле неколку месеци 18-годишното момче, бидејќи тој другарувал со друго лице, уапсено во септември минатата година за неуспешен обид да активираат бомба пред бар во Чикаго.
Туниси се пријавил на интернет на веб страна која содржела информации за самоубиствени операции и милитантен џихад. Истата, била намерно креирана од страна на ФБИ и нудела „можност” за вклучување во редовите на Фронтот Ал-Нусра, која дејствува во Сирија група која признава владеењето на Ал Каеда.
Туниси бил уапсен на аеродромот, додека чекал лет за Истанбул. Од ФБИ прецизираат дека активностите на Туниси немаат ништо заедничко со настаните во Бостон од последните неколку дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


