| четврток, 6 декември 2018 |

Три пијалоци кои прават чуда за слабеење

Јасно е дека не мостои семоќен магичен пијалок кој ќе ни помогне да ослабеме, но постојат одредени опции кои заедно со здравиот начин на живот можат да ни помогнат да дојдеме до посакуваната цел, а ова се дефинитивно пијалоци кои би требало почесто да ги пиете.

Кафе

kafe

Можеме да го наречеме природен енергетски пијалок, а истражувањата покажуваат дека две до три шолји кафе пред тренинг ни овозможуваат да тренираме подолго и понапорно – а тоа значи дека организмот согорува повеќе калории. Студијата објавена во „Журнал на спортска медицина и физичко здравје“ открила дека вежбачите можеле да направат речиси 20 отсто повеќе повторувања за време на тренингот.

Меѓутоа, важно е да се запомни дека кафето треба секогаш да се пие без додавање на шеќер и млеко, бидејќи тоа е најбрзиот начин за да се поништат неговите позитивни ефекти.

Ладна вода

voda-so-mraz

Заменете го лимонот со неколку коцки мраз бидејќи ладните пијалоци го тераат телото да троши повеќе енергија за да ја одржува телесната тежина. Ова значи дека со конзумирање на три големи чаши ладна вода во текот на денот, нашето тело согорило 100 повеќе калории.

Ако ова го правите секој ден, во текот на годината можете да изгубите и до 4.5 килограми, под услов овие калории да не ги надополнувате со друга храна.

Зелен чај

So-zelen-caj-protiv-rak-na-digestivniot-sistem

Не само што зелениот чај е ослободен од калории, туку може да ни помогне да ги согориме мастите и да ги симнеме непосакуваните килограми. Во една студија, луѓето кои пиеле четири шолји зелен чај дневно, за период од два месеци изгубиле речиси 3 килограми повеќе од оние кои пиеле само вода.

Инаку, секогаш бирајте свеж чај и избегнувајте флаширани опции бидејќи тие можат да содржат многу шеќер и значително помалку антиоксиданси. Исто така, би требало да избегнувате суплементи на зелен чај бидејќи можат да доведат до оштетување на црниот дроб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top