Светската антидопинг агенција (WADA) соопшти дека до сега 99 спортисти биле позитивни на мелдониум, откако од почетокот на годинава оваа супстанца е ставена на листата на забранети.
Петкратната грендслем шампионка, руската тенисерка Марија Шарапова во понеделникот соопшти дека нејзините допинг резултати на Австралија Опен биле позитивни на мелдониум, кој таа го користи уште од 2006 година од здравствени причини. Мелдониумот од 1. јануари се наоѓа на листата на забранети сусптанци.
Во последните неколку денови се зголемува бројот на спортисти чии резултати се позитивни на ова допинг средство.
„Бројот на позитивни на мелдониум, откака оваа супстанца е забранета, до денес е 99 спортисти“, изјави портпаролот на WADA, Бен Николс.
Мелдониумот (кој се продава под името Милдронат) се произведува во Летонија и се користи за болести на срцето – ангина пекторис (недостаток на крв, а со тоа недоволен доток на кислород и недоволно исфрлање на штетни материи) и миокарден инфаркт (смрт на мускулните клетки на срцето поради недостаток на кислород во некоја од артериите кои срцето го снабдуваат со крв).
Утврдено е дека ја зголемува издржливоста, го подобрува и забрзува закрепнувањето, штити од стрес и ја подобрува работата на централниот нервен систем. Забранет е и во САД, а може да се купи во Русија, Украина, Молдавија, Белорусија, Азербејџан и Ерменија.
WADA смета дека мелдониумот е метаболички модулатор многу сличен на инсулинот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст