| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе од 40 илјади пензинери го искористиле бесплатниот железнички превоз

Можноста за бесплатен превоз придонесува за социјализација на пензионерите, но најважно од се е што се расположени и можат да понесат убави спомени од дружењето во возот, истакна Аргировски

Над 40.000 пензионери го искористиле бесплатниот превоз во железничкиот сообраќај секој втор викенд во месецот, проект што Владата на Република Македонија го реализира од јуни 2014 година, информираше заменик-министерот за труд и социјална политика Диме Спасов кој денеска со членови на Сојузот на пензионери на Македонија отпатува со новиот воз од Скопје до Велес.

– Проектот за бесплатен превоз во железничкиот сообраќај го олеснува движењето на пензионерите, го подобрува нивниот стандард и им заштедува средства, истакна Спасов.

Тој потенцира дека со навремената исплата на пензиите, со нејзиното континуирано зголемување, со отворање на поголем број дневни центри, како и со реализација на проектите за бањско-климатска рекреација и бесплатен туристички викенд се подобруваат стандардот и условите на пензионерите во Република Македонија.

Претседателот на Сојузот на пензионерите на Македонија Драги Аргировски рече дека бесплатниот железнички превоз секој втор викенд е позитивно прифатен кај сите пензионери и максимално искористен.

– Можноста за бесплатен превоз придонесува за социјализација на пензионерите, но најважно од се е што се расположени и можат да понесат убави спомени од дружењето во возот, истакна Аргировски.

Според директорот на Македонски железници – Транспорт, Никола Костов, проектот на Владата за бесплатен превоз за пензионерите, како и за студентите е општо прифатен за сите и е максимално искористен

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top