| четврток, 6 декември 2018 |

Одрони и свлечишта на повеќе патни правци

На патниот правец А3 обиколница Битола-Ресен на 70+300 км поради свлечиште патот е во прекин во обата правца. Како алтернатива сообраќајот е пренасочен преку градот Битола, соопшти АМСМ.

На патниот правец Кочани – Делчево поради одрон со голема количина на материјал, сообраќајот е во прекин и се работи на расчистување.  Како алтернатива може да се користи патот Виница – Смојмирово – Делчево.

Вчера од 17:00 часот општинскиот пат с. Долни Полог- с. Облешево пред Кочанска река е во прекин поради прекопан коловоз и е направен канал за одводнување на надојдена атмосферска вода од врнежи на дожд.

На 10.03.2016 год  од 13:00 часот поради одрони на пат на Виничка крстосница помеѓу с.Истибања и  с. Калиманци блокиран е сообраќајот во двата правца, Сообраќајот се пренасочува преку Виница.

Од вчера напладне на регионалниот пат Берово – Виница кај м.в. Обозна поради одрон на камења сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.

На патниот правец Куманово – Крива Паланка кај с.Страцин има свлечиште со кал и земја, со што е зафатена една лента од патот. Се препорачува внимателно возење и следење на поставената сообраќајна сигнализација. Екипите на ЈП Македонијапат интензивно работат на расчистување на свлечиштето и нормализирање на двете ленти за непречено одвивање на сообраќајот.

Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.  Магла со видливост од 100 м има на Стража, Крушево и Ѓавато.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top