Великанот на југословенското актерство Драган Николиќ почина по долга и тешка болест во 73 година од животот во Белград. Иако беше миленикот на публиката ретко кој го знаеше вистинското име на легендарниот актер.
Многумина легендарниот актер со прекарот Гаги ќе го паметат како Прле, Флојд, Урке, Алија, Попај и по многу други имиња, ќе ги цитираат неговите зборови уште долго но ретко кој знаеше дека доајенот на српското актерство всушност не се викаше Драган.
Првата филмска улога ја остварил во филмот „Право стање ствари“ во 1964 година, каде е потпишан со неговото вистинско име Драгослав Николиќ.
Комеморацијата и погребот на Драган Николиќ ќе биде извршена во Алејата на заслужните граѓани на Новите гробишта во Белград во понеделник на 14 март во 12 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Две години од смртта на Драган Николиќ: Неговата неутешна Милена објави трогателен некролог
-
Некој му ги извадил очилата: Повторно оксвернавен споменикот на актерот Драган Николиќ (фото)
-
Легендарниот актер Гага Николиќ не се викал Драган
-
Николиќ ќе го менува Матиќ на тренерската функција во Карпош Соколи?!