Дваесетгодишната Стефани Брзанова вчера беше погребана, но причината за нејзиното самоубиство се уште останува мистерија и само ги подгрева бројните шпекулации кои веќе кружат во јавноста. Брзанова во средата околу пладне си го одзеде животот фрлајќи се од деветти кат од станбена зграда во населбата Аеродром. Веднаш по смртта на девојката во јавноста се огласи нејзината мајка, преку порталот “Либертас”, со изјава дека била силувана, а силувањето пријавено и осомничениот уапсен, но еден ден подоцна и МВР излезе со официјална информација дека таксистот кој ја донел дома Стефани бил нападнат од момчето на мајката. Јавноста веднаш побара најстрога осуда за таксистот, а имаше и повици за линч.
Она што навидум изгледаше сигурно, односно дека таа си го одзела животот поради сексуалниот напад од таксистот, набрзо го демантираа сите. Единствено се потврди информацијата дека младата девојка имала психички проблеми.
Обдукцијата на телото на Брзанова покажала дека нема никакви траги на насилен сексуален однос, а нејзината мајка, Александра Каранфиловска, во официјалната изјава дадена во полиција не спомнала ниту збор за какво било силување ниту пак има каква било официјална пријава. Каранфиловска не се штедеше во комуникацијата со медиумите па набрзо ретерираше во изјавите и се сведе дека Стефани и кажала дека некој “со сила спиел со неа”, а облеката и била растргана, а потоа и вината ја фрли врз средното музичко училиште каде и бил набиен комплекс на Стефани, која потоа токму поради тоа страдала од депресија.
Од Обвинителството пак соопштија дека се земени траги од возилото на такси-возачот и дека против него нема никаква пријава ниту пак му е одреден притвор, како што упорно тврдеше момчето на Каранфиловска, Александар Змејковски, на социјалната мрежа Фејсбук. Оттаму побараа да не се шпекулира со информации во јавноста за овој случај и да се почека на резултатите од обдукцијата и истрагата.
А шпекулации има многу, премногу за еден ваков осетлив случај. Речиси сите не се ниту вредни да се споменат, ниту пак е етички, но одредени медиуми очигледно не сметаат така. Затоа МВР и Обвинителството мораат овој случај да го третираат како приоритетен и во најбрз можен временски рок да ја завршат истрагата.
Она што е битно е точно и прецизно да се утврди какви психички проблем имала младата Стефани и дали имало потреба да се лекува, а ако е така, зошто не била лекувана. Мора да се причекаат и токсиколошките резултати од обдукцијата кои треба да потврдат дали Стефани пиела алкохол ноќта пред да си го одземе животот, или утрото, дали користела седативи или дрога. Од Обвинителството мораат да соопштат и дали на нејзиното тело имало траги од какво било физичко насилство и доколку имало, кога , каде и кој ги нанел.
Нејасно е и кој и зошто го користел и ракувал со нејзиниот профил на социјалната мрежа Фејсбук, бидејќи во јавноста веќе се откри дека некој ги менувал времињата кога се поставени постовите, односно сликите.
МВР и полицијата мораат веднаш да соопштат кој е мотивот за нападот врз такси-возачот и зошто тој го пријавил случајот дури откако во јавноста се прошири веста за самоубиство на млада девојка, на адресата каде што тој вчера ја однел Стефани и бил претепан.
Клуч за успех во истрага можеби е полиграфскиот тест на кој би требало да бидат подложени сите лица кои имале контакт со Стефани во последните 48 часа од нејзиниот живот.
Дотогаш останува мистеријата за смртта на младата скопјанка.
Како што веќе информиравме, таа во средата околу 11.45 часот се самоуби скокајќи од деветтиот кат. Ноќта се вратила околу 4.30 часот, видно вознемирена, а утрото не сакала да разговара со мајка си. Кусо само и кажала дека ќе оди до кај баба и која живее во соседната зграда каде и си го одзеде животот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст